Како што стојат работите сега, ќе мора неколку пати да се вакцинирате против коронавирусот, а постарите можеби три,  рече основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс.

Милијардерот, кој привлекува големо внимание на јавноста со своите изјави за вакцините, но и иницира теории на заговор, вели дека надежта дека ќе биде доволна една доза на вакцината, постоела, но само на почетокот на пандемијата.

Тој во интервју за CBC News рече дека напорите да се најде вакцина против коронавирусот ќе бидат огромни на глобално ниво.

– Во моментов, се чини дека ниту една од вакцините што се прават не е доволна да ве заштити во единечна доза. Можеби се мислеше така на почетокот. Можеби вакцините што се направени подоцна ќе нè изненадат позитивно. Но, за сега, како што стојат работите , не. Кога станува збор за постарите луѓе, можеби ќе треба да земат повеќе од две дози “, рече Гејтс.