Професорот Тито Беличанец, преку статус на социјалните мрежи бара надлежните да го повикаат на одговорност Владиката Агатангел!

ВРЕМЕ Е НАДЛЕЖНИТЕ ОБВИНИТЕЛИ ДА ПОКРЕНАТ ПОСТАПКА ПРОТИВ АРГАТАНГЕЛ БИДЕЈЌИ ЈА ПРЕКРШИ УСТАВНАТА ОДРЕДБА СПОРЕД КОЈА РЕЛИГИЈСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ СЕ ОДВОЕНИ ОД ДРЖАВАТА, вели Беличанец!

Владиката Агатангел во неколку наврати ги искажува своите ставови околу актуелни политички настани во нашата држава!

Европа за Македонците не треба да биде срам и понижување, туку таму треба да влеземе со кренати глави. Ова е дел од пораката на владиката Агатангел, во која тој повикува на одржување на семакедонски собир против, како што вели, омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство.

Повеќе македонски здруженија објавија дека го поддржуваат овој протест кој е закажан за в недела во 17 часот пред канцеларијата на ЕУ и пред македонското Собрание, а пред два дена и владиката Агатангел повика за учество.

Во своето видео обраќање вели дека група млади поттикнати од љубовта кон земјата, а разочарани од немањето македонска национална политичка партија, се иницијатори за овој собир.

„Сите што ја љубите оваа света македонска земја не дозволувајте да ги изневериме нашите прадедовци, кои ги положија животите ние слободно да живееме во едно демократско општество.

Сите се трудиме да одиме кон Европа, но Европа за нас не треба да биде срам и понижување. Европа треба да биде гордост и така сакаме со крената глава да влеземе, а не со промена на нашето свето македонско име, непочитување на нашиот македонски идентитет и јазик“, вели владиката Агатангел.