Ако сакате да одите во кафуле, вакцинирајте се… Ова е советот на министерот за економија, Крешник Бектеши за сите тие кои сакаат да посетуваат угостителски локали. Подетално ги објасни  новите рестриктивни мерки за угостителските објекти кои ќе стапат на сила од 16 август.

Го објаснуваше и начинот како треба да функционираат дополнителните мерки за вакцина.

Почнувајќи од 16 август, во затворени простории во угостителските објекти не смее да има гости. А сертификат за вакцинација ќе се бара и во отворените простории каде има над 30 лица. Објектите кои се со капацитет под 30 гости, не се обврзани да имаат редарски служби, но сепак објектот ќе биде контролиран од Инспекторатот, па ова може да се протолкува дека и во објектите со помал капацитет, за да влезете, ќе ви биде потребен сертификат за примена вакцина.