Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера во емисијата „Клан дебата“ откри дека со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, активно преговара за промена на знамето и грбот на Македонија, а дека нова химна е само прашање на време кога ќе има, пренесе порталот Република.

– Се разговарало и за химната и за грбот и за знамето. Тоа се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договорот помеѓу Македонците. Што се однесува на химната, разговарано е на таа тема и нема којзнае какво противење, па сега е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерва – изјави Ахмети. Дали навистина се водат вакви преговори помеѓу двајцата коалициони партнери новинари поставија прашање во партијата на Зоран Заев, но оттаму не им дале никаков одговор.