Атиџе Муратова, хероината на „Медена земја“, по Холивуд се врати на секојдневниот живот во селото Дорфулија. Сега се подготвува за прв пат во нејзиниот живот во ресторан да го прослави Денот на жената, заедно со внуката и со снаа и. Таа вели дека- „ Тоа е денот на жената и сите жени треба да се радуваат, да бидат весели, бидејки јас досега немав можност на овој ден да се веселам“.

-Тоа е ден кога жените и мајките треба да се радуваат. Јас досега не сум го славела „8 Март“, сега прв пат ќе одам во ресторан. Понекогаш сум добивала подароци. Блиските ќе ми донесат цвеке и убаво е чувството. А јас не сум имала можност на мајка ми да и купувам подароци. Само еднаш и купив црвено цвеќе и таа многу се израдува. Се радуваше и таа а искрено се радував и јас заради неа. Да можев да и купувам повеќе подароци додека беше жива ќе и купував ама не можев, ми требаа пари за лекарства. Откако ме касна кучето на комшиите животот ми се смени и сите пари ги давав по болници и лекови, вели Атиџе.

Кога станува збор за љубовта и за мажењето Атиџе вели дека за неа веќе е доцна за брак.

-Кога бев млада бев напредна и убава. Уште на 14 години ме бараа момчиња. Дојде едно момче тогаш да ме бара за жена, но не ме дадоа моите бидејќи бев многу мала. Потоа пораснав, имав додворувачи, но се грижев за родителите. Потоа ме касна кучето, ме унакажи. Ми го упропасти животот и немав многу додворувачи. Јас со години имав сериозни проблеми со здравјето и не можев да мислам за љубов и за мажење. А сега веќе во овие години и не сакам да се мажам. Искрено не сакам да се мажам само да бидам нечија слугинка. А децата ги сакам, многу ги сакам. Но, тоа ми било судбината. Кучето ми го однесе и здравјето и вољата за љубов и за се. Тоа беше мое премрежје, бидејќи за еден час можев да умрам.

Целиот текст прочитајте го на За се