Граѓанското здружение Аваја, во своето соопштение до јавноста тврдат дека во Велес, во текот на спроведување на пописот, конкретен попишувач не ја извршувал својата работа согласно правилата за попишување на пописот, особено во делот на пополнување на информациите кои се однесуваат на религија, јазик и етничка припадност.

„Лицето кое се попишало јасно истакнал дека сака да биде попишан како Ром на пописниот лист, меѓутоа конкретниот попишувач навел дека не може да го најде делот наменет за релија, јазик и етничка припадност во пописниот прашалник. Следствено, пописот завршил без лицето да биде попишано како Ром. Во овој случај истакнуваме дека станува збор за непополнување или неточно пополнување и прикривање на податоците внесени во пописниот лист што претставува казниво дело и акт кој повикува на преиспитување на податоците внесени во пописната апликација од страна на конкретниот попишувач.

Апелираме дека ваквото постапување од страна на конкретниот попишувач може да претставува и злоупотреба на вршењето на оваа конкретна задача. Апелираме и бераме нонкретниот попишувач во Велес да биде отстранет од позицијата попишувач, да биде казнет според  Законот за попис, а внесените податоци во електронскиот пописен прашалник од страна на овој попишувач да бидат класифицирани како наупотребливи податоци и попишаните лица повторно да бидат попишани.

Како здружение располагаме со информации во делот на точен број на Роми на национално и локално ниво (според своја развиена методологија). Истакнуваме дека доколку бројот на Роми на овој попис е значително помал од реалниот број на Роми во државата, нема да ги признаеме резултатите од пописот“, се вели во реакцијата на Аваја.